Клоп пред седум години беше против 100 милионските трансфери: „Се е сменето, погрешив“

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денеска на прес-конференција во пресрет на новата сезона го потврди трансферот на Моисес Каиседо од Брајтон за 127 милиони евра.

Англиските медиуми му извадија изјава од 2016 година кога изјави: „Кога 100 милионските трансфери ќе станат пракса, веќе нема да бидам во фубалот“. Тој ова го изјави по трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер за 100 милиони евра.

„Искрено, се е променето. Дали ова ми се допаѓа? Не. Но, сфатив дека погрешив. Да, дефинитивно, тоа така оди. Не е сјајно, но така е“, рече Клоп.

Кажа дека Ливерпул се труди да направи што подобар тим за да се бори за титулата.

„Ако луѓето сакаат да ја повторат мојата изјава од 2016 година, не е проблем. Тогаш така мислев, и сега сфатив дека погрешив. Не ми е тешко да признаам“, кажа Клоп.

Се вчитува...