Со натпреварот меѓу Алмерија и Рајо Валјекано денеска почнува сезоната во Шпанија, а воочи неделниот натпревар против Гетафе, Барселона се наоѓа во големи проблеми. Каталонскиот клуб не може да регистрира нови играчи поради кршење на финансискиот фер-плеј.
Чави така не може да смета на ниту едно од засилувањата Ромеу, Гундоган и Мартинез, како ниту на Роберто, Араухо и Пења, кои ги продолжија договорите. Забраната се однесува и на Дест, Езалзули и Ленгле кои беа позајмени во минатата сезона и сега се враќаат во тимот на Барса.
Така тренерот на Барселона ги има на располагање: Тер Штеген, Кристенсен, Кунде, Гарсија, Гави, Педри, Торес, Де Јонг, Левандовски, Фати и Рафиња. Тоа е доволно да се почне натпреварот, па ако треба и со резерви од младинските категории.
За среќа, шпанскиот фудбалски сојуз дозволува регистрација непосредно пред самиот натпревар кој почнува во 21:30 часот. Така Барселона има нешто повеќе од 60 часа да го реши овој проблем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

