Валентин Кочоски не е повеќе фудбалер на шампионот Струга ТЛ. Клубот објави дека е прекината соработката со играчот, во меѓусебен договор.
Кочоски беше дел од Струга ТЛ четири години, во два различни периоди. Од 2021 година откако се приклучи на тимот, е стандарно дел од тимот кој стана првак на Македонија минатата земја. Кочоски беше дел и од првите натпревари на тимот против Жалгирис во ЛШ. Во дресот на Струга ТЛ одигра 79 натпревари и постигнал четири гола.
„Како тим на Валентин му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“, стои во објавата на Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

