Два македонски второлигаши денеска објавија трансфери на фудбалери. Тетекс во своите редови го врати играчот од средниот ред Иво Јанакиевски. Јанакиевски во последните шест месеци беше без ангажман, откако во јануари ја заврши својата авантура во Работнички.
Јанакиевски настапуваше во Тетекс во сезоната 2019/2020, а потоа се пресели во Скопје, па од таму замина во Работнички. Играше и за Металург, Тиквеш, Борец, Македонија ЃП и Љубанци.
Беса, пак, го потврди трансферто на Албан Таипи, кој беше во екипата на Ренова. 20-годишниот фудбалер настапуваше и во унгарските тимови Халадаш и Шентлоринк, и сега се враќа во мак-фудбалот. Станува збор за напаѓач кој треба да помогне Беса да обезбеди прволигашка промоција идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА