Шпанскиот „Ел Чинрингито“ објавува сензационална вест дека Нејмар го договорил својот „кам-бек“ во Барселона. Бразилецот во Барса ќе потпише на 2+1 година, со плата од 13 милиони евра годишно.
Сега Бразилецот треба само да го раскине договорот со ПСЖ, и да го комплетира својот „кам-бек“ во Барселона. Каталонскиот клуб претходно не успеа во намерата да го врати Лионел Меси, кој замина во Мајами.
Барселона има проблеми со финансискиот фер-плеј, и тоа прашање ќе треба да го реши со продажбата на Дембеле во ПСЖ за 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

