Катастрофално лето за младиот женски ракомет: Македонија поразена и од Швајцарија

Иако се говореше дека новите селектори ќе донесат напредок во женскиот ракомет во Македонија и дека со промената на стручниот штаб доаѓаат промени во репрезентацијата, сепак резултати по првото лето не се гледаат.

Младите репрезентации кои имаа солиден настап на првенствата, годинава трпат само порази. Репрезентацијата на Македонија до 17 години загуби и од Швајцарија со минимални 31-32. Младеновска беше најефикасна кај Македонија со девет гола, додека пет погодоци постигна Трпеска.

Репрезентативките до крајот на шампионатот ги очекува уште мечот во кој ќе се обидат да го избегнат последното место, а за противник ќе го имаат поразениот од дуелот меѓу Португалија и Исланд, репрезентации кои исто така ќе ја имаат фаворитската улога против нас.

Се вчитува...