Енрике потврди: Мбапе нема да биде на списокот на фудбалери за мечот со Лориен

Килијан Мбапе и сопствениците на ПСЖ се уште не можат да најдат заеднички јазик. Секој останува на својот став и никој не попушта. Шефовите од Катар сакаат тој да потпише нов договор или да го продадат, Мбапе не сака ниту да потпише договор, ниту да замине сезонава пред завршувањето на неговиот актуелен договор.

Ќор-сокакот во кој ПСЖ губи пари, а играчот ги добива, но не игра, му ги врза рацете и на тренерот Луис Енрике, кој без својот најдобар играч в сабота ќе го пречека Лориен.

„Ситуацијата со Мбапе веќе се случи во минатото и беше најдено решение. Се надевам дека клубот и Килијан ќе најдат решение, тоа е нешто за што би бил многу среќен“, изјави Луис Енрике. 

Се вчитува...