Лудница во Минхен: Кејн во два часот наутро потпиша за Баерн (ФОТО)

Една од најлудите трансфер сага ова лето е завршена утрово околку два часот по полноќ откако Хари Кејн стана нов фудбалер на Баерн Минхен. Доскорешниот капитен на Тотенхем во редовите на баварците се сели за фиксни 100 милиони евра и бонус од 10 милиони евра.

Долгите преговори кога се одвиваа со месеци конечно завршија на големо задоволство на навивачите на Баерн Минхен кои во текот на целиот ден активно го следеа црвениот автомобил со кој Кејн се прошета низ Минхен да стигне до зградата на германскиот гигант од каде ги поздрави и фановите.

Германските медиуми информираат дека Баерн Минхен ќе даде се од себе да успее да го регистрира заменикот на Роберт Левановски да може да се појави на теренот уште денеска против Лајпциг во финалниот натпревар од Суперкупот на Германија.

Се вчитува...