Сензација во Торонто: Алкараз елиминиран во четвртфиналето

Првиот тенисер на светот, Карлоз Алкараз го заврши својот настап на АТП турнирот во Торонто во четвртфиналето каде беше сензационално елиминиран од американскиот тенисер Томи Пол.

Во натпреварот од два часа и 21 минута Американецот славеше со 6-3, 4-6 и 6-3 за пласман во полуфиналето каде го чека Синер. Вториот полуфинален пар го сочинуваат Фокина и Де Минаур.

Се вчитува...