Шпанскиот тенисер Карлоз Алкараз не ја започна добро турнејата во Северна Америка откако претрпе елиминација во четвртфиналето од АТП турнирот во Торонто. Подобар од најдобро рангираниот тенисер беше Американецот Томи Пол кој славеше со 2-1, интересно нанесувајќи му го вториот пораз на младиот талент во вториот меѓусебен натпревар.
Видно нервозен и разочаран од лошиот прв сет Шпанецот не успеа да ги исконтролира емоциите па бесот го изрази врз рекетот, нешто што е пракса кога станува збор за Карлос Алкараз. Тоа што ги изненади љубителите на тенисот е недостигок од реакција на судијата кој остана нем по дивеењето на Алкараз.
No code violations for boy wonder. 🤔pic.twitter.com/aqZqgW6B25
— Pavvy G (@pavyg) August 12, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

