Последните денови пред официјалниот почеток на новата сезона во Серија А ќе донесат промена на левата бековска позиција во редовите на Интер од каде заминува Робин Госенс, а неговата замена доаѓа од редовите на Монца.
Госенс се наоѓа пред трансфер во Унион Берлин кој ги договори условите со Интер за трансфер вреден 15 милиони евра, а во исто време „нероаѕурите“ го договорија и потписот на Карлос Аугусто кој по одличната сезона во Монца ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ на едногодишна позајмица со обврска за откупување на договорот вреден 13 милиони евра со бонуси.
Inter have reached verbal agreement to sign Carlos Augusto from Monza, here we go! New left back joining the club on loan with mandatory buy clause ⚫️🔵
Corinthians will receive percentage of the deal.
Final fee: €13m plus add-ons. Augusto will replace Gosens. pic.twitter.com/iw3POvD3y8
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 12, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА