Франција остана без НБА бек пред Светското првенство

Кошаркарската репрезентација на Франција се соочува со голем проблем непосредно пред почетокот на Светското првенство во Индонезија, Јапонија и Филипини кое е во етерот од 25. август до 10. септември.

Селекторот Винсент Коле нема да може да смета на услугите на Френк Нтиликина кој се пожали на повреда по подготвителниот натпревар против Литванија. Кошаркарот кој настапува во НБА лигата за Шарлот има повреда на тетивата и нема да може да се врати на теренот до крајот на собирот на најдобрите светски репрезентации.

Како потсетување, Франција ќе настапи и без Матијас Лесор кој се одлучи да се посвети на рехабилитација од повреда за успешно деби во новиот клуб Панатинаикос.

Се вчитува...