Вицешампионот на Премиерлигата, Арсенал со победа од 2-1 ја започна новата сезона во англискиот фудбал. „Топџиите“ на Микел Артета одиграа одлично прво полувреме по кое имаа предност од два гола, а и покрај тоа што се чинеше дека лондонскиот тим лесно ќе стигне до трите бода, домаќинот стравуваше за победата до самиот крај.
Шпанскиот стратег на клупата на Арсенал не го криеше задоволството од победата, а и се осврна кон преднсот од 2-0 за која вели дека е најопасна во Премиерлигата.
„Секогаш е тешко да запишеш победа во првиот натпревар на сезоната. Ние го заслуживме тоа, имавме предност, но не успеавме да го затвориме натпреварот на време. Предност од 2-0 во Премиерлигата е многу опасен резултат. Со пад на концентрација примивме гол и натпреварот повторно беше активен. Не можеш да им даваш на ривалите било што бидејќи со тоа им даваш шанса. Но, на крајот на денот стигнавме до три бода и тоа е најбитно“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

