Каиседо потпишува деветгодишен договор со Челси?

Моисес Каиседо изрази лојалност кон Челси уште пред самиот трансфер во клубот одбивјаќи премин во редовите на Ливерпул и покрај тоа што „црвените“ и Брајтон постигнаа договор за трансфер вреден 110 милиони евра.

Надминувањето на сто милионската сума на негов трансфер го примора и Челси да ги следи стапките на Ливерпул па „сините“ ја израмнија понудата со што се очекува наскоро да биде комплетиран трансферот. А, доброупатениот Фабрицио Романо открива дека договорот на 21-годишник со Челси е со важност од неверојатни девет години.

Осум од нив се гарантирани, а последната година е опција. Ваквите договори во фудбалот не се чести, но интересно е тоа што ова нема да биде првиот од ваков вид на „Стемфорд Бриџ“ ова лето. Претходно осумгодишен договор потпиша и Николас Џексон со што Челси стави дознаење на кои фудбалери смета на долги стази.

Се вчитува...