Роналдо се побуни зошто не е прогласен за најдобар играч

Кристијано Роналдо вчера со два гола, го освои првиот трофеј во дресот на Ал-Наср. Во финалето на Арапаската Лига на шампионите по 120 минути успеа да го победи Ал-Хилал со 2-1, со двата гола токму на Португалецот, откако Ал-Наср прв поведе со гол во 51. минута.

Интересен е фактот што и покрај двата гола, Роналдо не беше прогласен за најдобар играч на Купот, и покрај двата постигнати гола. Таа награта отиде во рацете на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од редовите на финалистот Ал-Хилал.

Тоа не му одговараше на Роналдо, па со гестикулации покажа што мисли за оваа одлука, укажувајќи дека во финалето постигнал два гола. Инаку тој ја доби наградата за најдобар стрелец.

Се вчитува...