Валенсија не го пушти својот голман Георги Мамардашвили на позајмица во Реал Мадрид. „Кралевите“ понудија пет милиони евра за позајмица од една сезона, со опција за откуп по крајот на сезоната од 25 милиони евра. Но, понудата беше одбиена.
Реал Мадрид бара голман поради тешката повреда на својот прв избор, Тибо Куртоа кој пред неколку дена ги скина лигаментите и ќе паузира голем дел од сезоната.
Опции за Реал Мадрид сега се Кепа од Челси, како и Лорис и Боно од Севилја. Најсериозна опција која кружи во медиумите е Кепа Аризабалага, само проблем е што ќе прави тој кога Куртоа ќе се врати на голот. Кепа се споменуваше и за трансфер во Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА