Баерн Минхен на денешната прес-конференција на промоцијата на Хари Кејн, потврди дека Кепа Аризабалага ќе биде нов голман на Реал Мадрид, како замена за Тибо Куртоа кој ги повреди лигаментите и ќе го нема до пред крајот на сезоната.
„Баварците“ напоменаа дека денеска требало да биде промоцијата на Кепа на голманската позиција, имале и договор, но на крајот Шпанецот се одлучил да ги засили „кралевите“.
„Бевме блиску до склопување на договорот, и го одредивме денешниот датум за промоција. Мешѓутоа тој одбра да се пресели во Реал Мадрид“, изјави директорот на Баерн, Јан Кристијан-Дресен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА