Реал Мадрид потврди: Милитао ги скина лигаментите, го чека долга пауза

Реал Мадрид за само неколку дена загуби двајца важни играчи. После Тибо Куртоа, неколку месеци надвор од терените ќе биде и Едер Милитао.

„Кралевите“ потврдија дека се скинати лигаментите на левото колено на бразилскиот стопер, и тој ќе биде подложен на операција и на долга пауза. И тој како и Куртоа го чека пауза од најмалку седум месеци.

Ова е малерозен почеток на „кралскиот клуб“, кој без Милитао и Куртоа, ќе има тешка мисија да се бори за титулата во шпанска Ла Лига.

Се вчитува...