Тотенхем без Кејн му даде два гола на Брентфорд, но освои само бод (ВИДЕО)

Тотенхем и без Хари Кејн во своите редови беше голгетерски расположен на гостувањето кај Брентфорд, и постигна два гола, меѓутоа на крајот мораше да се задоволи само со освојување на еден бод од ова гостување.

Ромеро во 11. минута на асистентија на Медисон донесе предност за Тотенхем. Во 26. минута од пенал кој го направи голманот Викарио, израмни Мбеумо. Виса во 36. минута донесе пресврт, за Емерсон Ројал во судиското надополнување од вториот дел да израмни.

Во вториот дел и покрај офанзивната игра и неколкуте шанси, немаше промена на резултатот.

Се вчитува...