После победата во првото коло над Шкупи и одличната партија, Работнички во Кратово после 20 минути игра има негатива од 2-0 од Силекс.
Грешките во одбраната на „романтичарите“ беа казнети два пати. Најпрво од пенал Каланоски во 6. минута да донесе предност, а потоа по катастрофалната грешка на дефанзивата, Ристовски да го совлада Алексовски и да зголеми на 2-0. На 1-0 Крсте Велкоски пропушти голема можност откако излезе сам пред Божиновски, но голманот на Силекс му го одбрани ударот.
На другите терени само АП Брера од Струмица води во дуелот со Воска Спорт со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

