Манчини ја „откачил“ Италија за да ја презеде Саудиска Арабија!?

Досегашниот селектор на Италија, Роберто Манчини поднесе оставка на функцијата, соопшти италијанскиот фудбалски сојуз. Манчини беше селектор од мај 2018 година, а го „преживеа“ поразот од баражот од Македонија.

Овој 58-годишен стручњак го освои ЕП, двапати беше трет во Лигата на Нации. Причините за оставката на Манчини не се наведуваат, но дека причината ќе биде позната во „следните денови“.

Медиумите во Саудиска Арабија пренесуваат дека Манчини треба наскоро да стане нов селектор на Саудиска Арабија, пренесе „Ал Ријад“.

Италијанецот би потпишал тригодишен договор со кој ќе заработува далеку подобро од сегашната позиција.

Се вчитува...