Полни трибини чекаа радост на Вардар, но Шкупи им приреди „студен туш“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во одлична атмосфера и полна трибина на стадионот „Борис Трајковски“, сите очекуваа Вардар да ги освои првите бодови во новата сезона. Гостуваше тимот на Шкупи, кој што „капитулираше“ на истиот терен, но против Работнички минатата недела.

Тврд натпревар, многу тактичко надмудрување, малку шанси и на крајот само еден гол за победа на чаирскиот тим. Шкупи ја искориси шансата да дојде до првата победа, оставајќи го Вардар заедно со Гостивар и Воска со два порази во првите две кола.

Вардарци ќе треба да поработат и на ефикасноста, затоа што Лемос во судиското надополнување промаши одлична шанса, и ја погоди само пречката и така пропушти да освои бод.

Се вчитува...