Челси и Ливерпул одиграа нерешено 1-1 во премиерата во англиската најсилна лига. На Стемфорд Бриџ двата тима имаа свои минути, имаа свои шанси, покрај двата гола, исто толку беа поништени, и на крајот само по бод и за едните и за другите.
Ливерпул поведе во 18. минута откако Диаз по асистенција на Салах стрелаше во долниот лев агол. Салах во 29. минута го совлада Санчез, меѓутоа ВАР ја скрати радоста.
Во 37. минута Дисаси се снајде во петерецот на Ливерпул, и го совлада Алисон. После израмнувачкиот гол, Челси беше подобар противник, а само двве минути подоцна Чилвел постигна гол кој беше поништен поради офсајд. Челси можеше до пресврт за Чилвел кој беше сам пред голот, но Алисон успеа да одбрани.
Возбудувањата продолжија и во финишот, кога најпрво Нуњез имаше супер шанса, но топката заврши за малку крај голот, додека шанса имаше и Мудрик, но не ја искористи, односно се реши да го минува и Алисон, и ја загуби топката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

