Арнаутовиќ блиску до „кам-бек“ во Интер

Интер е во напредни преговори со Болоња за трансфер на австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ. „Нероазурите“ се во потрага по напаѓач по заминувањата на Џеко и на Лукаку, а досега беше доведен само Маркус Турам.

Меѓутоа клубот има потреба од уште еден голгетер, во случај на повреда на еден од напаѓачите Лаутаро и Турам кои се очеквуа да играат во нападот.

Арнаутовиќ наводно веќе ги договорил личните услови со Интер, останува само да се договорат двата клуба. Инаку Арнаутовиќ веќе беше дел од Интер во сезоната 2009/2010 и во три настапи не постигна ниту еден гол.

Се вчитува...