Ангелос Постекоглу дебитираше на клупата на Тотенхен со реми откако лондонскиот тим ремизираше со 2-2 против Брентфорд во натпревар со кој воедно започна и „животот без Хари Кејн“.
И покрај тоа што го нема најдобриот стрелец во историјата на клубот во нападот Постекоглу верува дека неговиот тим има квалитет за највисок пласман, а и дека тимот ќе напредува од натпревар во натпревар.
„Очекувањата се исти, ние сме голем клуб. Мораме да се обидеме и да успееме. Имаме опасни играчи, засилувањата добро се покажаа. Сакавме на навивачите да им дадеме надеж и мислам дека тоа го направивме. Можевме да бидеме малку подиректни, но ни прикажаното денеска не е лоша основа за почеток. Можеме уште многу да напредуваме, играчите се уште имаат многу да научат. Се ќе си дојде на свое место“, вели Постекоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

