Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Израел во последниот подготвителен натпревар одигран во Кавадарци. За разлика од претходните средби во „Јасмин“ во кои одигравме два квалитетни натпревари против Израел и Јапонија, овој пат Израелците беа далеку подобар противник.
Израел одлично го отвори натпреварот и првиот сет го доби со 25-15, а и покрај далеку подобрата игра на Македонија во вториот сет, истиот им припадна на гостите со 25-23. Во третиот сет Македонија имаше и водство, но падот во играта донесе славеје на Израелците од 25-22 за 3-0.
По турнирот во Кавадарци, македонската одбојкарска репрезентација продолжува со подготовките пред престојното Европско првенство кое за прв пат ќе се одржи во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА