Манчини се огласи по оставката од репрезентацијата на Италија

Роберто Манчини донесе изненадувачка одлука да замине од репрезентацијата на Италија и тоа на само десет месеци пред почетокот на Европското првенство на кое „аѕурите“ ќе го бранат шампионскиот трофеј.

Италијанските медиуми веќе шпекулираат со можно превземање на репрезентацијата на Саудиска Арабија, а работите не ги расчисти ниту самиот Манчини кој не даде конкретен одговор на новинарско прашање, туку се заблагодари на претседателот на федерацијата и се осврна кон шампионскиот трофеј на ЕУРО 2020.

„Оставката од селекторската функција е моја лична одлука. Му благодарам на претседателот Габриеле Гравина и сите членови на федерацијата кои имаа доверба во мене, исто така ги поздравувам фудбалерите и фановите кои ме поддржуваа изминатите пет години.Беше посебна чест, а освојувањето на ЕУРО 2020 засекогаш ќе ми биде драг спомен“, изјави Манчини.

Се вчитува...