Челси и Ливерпул ги исполнија очекувањата за екстра интересен дерби натпревар во првото коло од Премиерлигата. За разлика од претходните четири средби на овие два тимови кои завршија без постигнат гол, овој пат на „Стемфорд Бриџ“ по два пати се тресеа мрежите на двата тима, но само два голови беа регуарни за конечни 1-1.
Тренерот на Челси, Маурисио Покетино по натпреварот изјави дека се чувствува задоволен, но во исто време и разочаран бидејќи неговиот тим имаше шанса за стигне до тритте бода.
„Дали ремито е правилен исход? Не би рекол. Мислам дека заслуживме многу повеќе. Се чувствувам задоволен, но и разочаран во исто време бидејќи сакавме да победиме. Сепак ова е само почеток. Добро работиме и тоа е најважно. Се е во вербата и трудот. Поврзаноста која ја чувстуваме сите е фантастична од првиот ден“, изјави Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

