Бетис го шокираше Вилјареал во 96. минута

Бетис со три бода се враќа од гостувањето кај Вилјареал, откако триумфираше со 1-2. Победата на гостите беше обезбедена во шестата минута од судиското надополнување, откако Вилијан Хозе погоди во мрежата на домаќините, и донесе голема радост.

Перез му донесе водство на Бетис уште во 20. минута. Енрике асистираше, а Перез спроведе во мрежата на домашните. Претходно на Вилјареал му беше поништен гол поради офсајд.

Куенка во 61. минута на асистенција на Баена, успеа да израмни и така да донесе бод. Девет минути претходно Вилјареал ја погоди и стативата. Вилијан Жозе во 96. минута, пред последниот свиреж, успеа да обезбеди три бода за Бетис.

Се вчитува...