Барселона стартуваше со бод кај Гетафе (ВИДЕО)

Барселона се „лизна“ уште на стартот од новата сезона во Ла Лига, и одигра без голови на гостувањето кај Гетафе, во меч во кој „каталонците“ очекувано доминираа, но на крајот можеа да останат и без тој еден бод, со оглед дека и домаќинот имаше свои прилики со кои можеше да ги шокира „Каталонците“, а згора на тоа Гетафе во финишот на првиот и на почетокот на вториот дел имаше и играч повеќе на теренот.

Барселона првата прилика ја имаше преку Ромеу во 26. минута, а Гетафе врати преку Санчез, но неговиот обид одлично го одбрани Тер Штеген.

Во 42. минута Барселона останува со играч помалку, црвен картон добива Рафиња поради остар старт.

И кога Гетафе се чинеше дека ќе има голема предност, во 57. минута глупост на Мата и втор жолт картон со кој се израмнија силите на теренот. Во 70. минута и тренерот на Барселона, Чави доби црвен картон и беше исклучен.

Во последните мигови од мечот, Барселона бараше пенал откако Араухо падна на тревата, но и по консултација со ВАР истиот не беше покажан, односно проценка беше дека Гави претходно играше со рака.

Се вчитува...