Чави: До кога судиите ќе судат против Барселона?

Барселона новата сезона во шпанското првенство ја започна со реми без голови на гостувањето кај Гетафе во натпревар во кој Рафиња и Чави добија два црвени картони.

Шпанскиот стратег изрази големо незадоволство по крајот на натпреварот коментирајќи го и недосудениот пенал во самата завршница. На повик од ВАР собата судијата Градо во 104. минута прегледа недозволена игра во шестнаесетникот, но одлучи да не досуди пенал бидејќи претходно со рака играл Гави.

„Многу работи може да се кажат за нашата игра и пристапот на овој меч. Свесни сме за грешките кои ги направивме и знаеме дека моравме подобро. Меѓутоа, тоа не може да биде оправдување за тоа што судиите ни го направија. Морате да бидете искрени и да признаете дека судијата со својата одлука во последните секунди ни ја украде можноста да победиме. Измислија играње со рака на Гави само за да не биде досуден пенал. Сметам дека арбитрите треба да излезат пред јавноста и да ја објаснат својата одлука“, изјави Чави кој прати и порака до претседателот на шпанскиот фудбал.

„Мојата порака до Хавиер Тебес е дека Цезар Сото Градо целосно ја загуби контролата над мечот и предизвика голем срам. Производот кој и го нуди Ла Лига на јавноста е очаен. Не е ни чудо што веќе никој не сака да гледа шпански фудбал“

Се вчитува...