ОФИЦИЈАЛНО: Кепа е замената за Куртоа во Реал Мадрид

Шпанскиот голман Кепа Аризабалага ќе биде замената за Тибо Куртоа на голот на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид.

Откако на еден од последните тренинзи Куртоа заработи тешка повреда поради која ќе мора да ја пропушти целата сезона, во Реал Мадрид се запали алармот и веднаш тргнаа кон барање на негова замена.

Изборот падна на фудбалерот на Челси, Кепа Аризабалага. Тој ќе биде на едногодишна позајмица на „Сантијаго Бернабеу“ кај што ќе треба да се докаже по лошата авантура во Челси.

Се вчитува...