Поцеко го објави конечниот список за Мундобаскетот

Селекторот на италијанската кошаркарска репрезентација, Џанмарко Поцеко го објави списокот од дванаесет кошаркари на кои ќе смета за претстојното Светско првенство кое започнува на 25. август, а ќе се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија.

На списокот на Поцело се: Луиџи Датоме, Марко Спису, Стефано Тонут, Николо Мели, Симоне Фонтекио, Џампаоло Ричи, Матео Спањоло, Ахил Полонара, Мухамет Диуф, Лука Северини, Габријече Прочида и Алесандро Пајола.

Италија ќе се натпреварува во Мундобаскетот во групата А која ќе се игра во Манила. Ривали на тимот на Поцеко во првата фаза од натпреварувањето ќе бидат Ангола, Филипини и Доминиканска Република.

Се вчитува...