Трансферот на Костас Слукас од Олимпијакос во Панатинаикос е најшокантниот потег во овој преоден рок во европската кошарка. Повеќекратниот освојувач на Евролигата веќе ги започна подготовките за следната сезона.
По повод трансферот во Панатинаикос од редовите на лутиот шампион, Слукас првпат се огласи на социјалните мрежи.
„Почит, мотивација и напорна работа. Така пораснав и така ќе пристапувам кон секоја одлука и чекор што ќе го направам во мојот живот. Би сакал да им се заблагодарам на моите пријатели во Панатинаикос за топлото добредојде и ентузијазмот. Едвај чекам да возвратам“, напиша Слукас.
Слукас во два наврати со голем успех го носеше дресот на Олимпијакос. Со тимот од Пиреја, Слукас ја освојуваше Евролигата во 2012 и 2013 година, а во претходните три сезони беше еден од лидерите на тимот на Јоргос Барцокас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА