Италијанскиот тренер Роберто Манчини ја коментираше одлуката да си замине од клупата на актуелниот европски шампион.
Во неделата 58-годишникот поднесе оставка од тренерската позиција на „аѕурите“, само неколку дена откако доби уште една работа од Здружението, координатор на млади категории.
„Оставката беше моја лична одлука. Му благодарам на Габриеле Гравина за довербата, како и на сите од Фудбалската федерација на Италија. Им благодарам на моите играчи и навивачи кои беа со мене во изминатите пет години. Победата на ЕВРО 2020 ќе остане во моето срце засекогаш. Тоа беше чест“, изјави Манчини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

