Арбин Рушити и следната сезона во Чаир 2030 (ФОТО)

Минатогодишниот дебитант во Првата кошаркарска лига, Чаир 2030 продолжува со составување на тимот за новата сезона. По продолжувањата на договорите неколку клучни кошаркари меѓу кои Недим Мустафица, Јован Александровски и Предраг Пајиќ, како и ангажманот на Александар Штерјов и Даниел Нацевски тренерот Рамадан во новата сезона одново ќе смета на услугите на Арбин Рушити.

Бекот кој е дел од клубот уште од младинските категории изминатата сезона настапи на 25 натпревари на кои забележа просек од 7.8 поени, 3.8 асистенции и 2.6 скокови.

Се вчитува...