Челси и Ливерпул ремизираа со 1-1 во првиот меѓусебен натпревар во сезоната 2023/24, но клубот од „Стемфорд Бриџ“ веќе има предност од 2-0 во „трансфер војната“ со ривалот.
Откако Моисес Каиседо се одлучи да каже „не“ на трансферот во Ливерпил, неговите стапки ги засиледи и фудбалерот на Саутемптон, Ромео Лавиа кој исто како и 21-годишниот Колумбиец одлучуваше помеѓу двата тима, а изборот паднал на Челси, пренесуваат англиските медиуми.
Односите помеѓу Челси и Саутемптон се на високо ниво па не се очекуваат никакви проблеми за постигнување на договор за трансфер кој се очекува да биде околку 60 милиони евра со бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА