Официјално: Моисес Каиседо е нов фудбалер на Челси

Еквадорскиот фудбалер Моисес Каиседо го комплетираше трансферот од Брајтон во Челси вреден 100 милиони фунти кој со бонуси може да се искачи за дополнителни 15 милиони фунти со што 21-годишникот стана најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата.

За младиот фудбалер од средниот ред битка воедно Челси и Ливерпул, но пресуди желбата на Каиседо да премине на „Стемфорд Бриџ“ каде ќе остане во следните осум години со тоа што ќе има можност за продолжување на соработката и во деветтата година.

Се вчитува...