Моисес Каиседо од денеска и официјално е нов фудбалер на Челси откако лондонскиот гигнат го потврди трансферот на 21-годишникот од Брајтон во трансфер вреден 100 милиони фунти кој со бонуси може да се искачи на вкупно 115 милиони фунти со што ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата.
Дваесетиедногодишникот беше блиску до трансфер во Ливерпул откако Брајтон ја прифати понудата на „црвените“, но пресуди желбата на Еквадорецот да заигра на „Стемфорд Бриџ“ за неговиот омилен клуб.
А, претставувањето на младиот талентиран играч од средниот ред ги освои срцата на љубителите на фудбалот. Имено, Моисес и неговата мајка ја повторија сликата од 2020 година во која тој е сликан со дрес на Челси како седи потпрен на кола.
„Никогаш не се откажувајте од соништата“, беше пораката на Каиседо.
It’s only ever been Chelsea. pic.twitter.com/LCYf6A2BQr
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 14, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

