Италија со Спалети на клупата доаѓа во Скопје

Италија со Лучијано Спалети ќе дојде во Скопје на пресметката со Македонија во квалификациите за ЕП 2024 година. Дуелот се игра на 9. септември на Националната Арена „Тодор Проески“, и тоа ќе биде чевтртиот меч во циклусот за Македонија, во кој има скор од една победа и два порази.

Спалети ќе го замени Роберто Манчини, кој во неделата си поднесе оставка од лични причини. Неофицијално се шпекулира дека Манчини поради понуда да биде селектор на Саудиска Арабија, го напушти кормилото на „Азурите“.

Спалети е без ангажман после освојувањето на титулата со Наполи минатата сезона. Му беше тренер на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Освен Спалети, кандидат за клупата беше и легендарните Фабио Канаваро и Даниеле де Роси, меѓутоа поради малото тренерско исксутво, федерацијата се одлучи за друго решение.

Се вчитува...