По заминувањето на Фред, Манчестер Јунајтед и натаму е во потрага по уште фудбалер за врска кој ќе го засили тимот од „Олд Трафорд“. Клубот не напредува во преговорите со Фиорентина за мароканскиот интернационалец Софијан Амрабат, и сега се гледаат алтернативи.
Еден од можните засилувања е Амаду Онана од Евертон. Тимот од синиот дел на Ливерпул не сака да се раздели со својот играч, но добра понуда ќе ги премисли. Онана дојде во Евертон од Лил минатото лето за 33 милиони фунти, а сега „Карамелите“ се подготвени да се разделат за 50.
Инаку Јунајтед веќе има еден Онана. Станува збор за Андре Онана, камерунскиот голман кој од Интер ова лето се пресели на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

