Еврогол на Депај во победничкиот старт на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со победа од 3-1 над Гранада ја започна новата сезона во Ла Лига. Интересно два од головите беа постигнати во четвртата минута од судиските продолженија на првото и второто полувреме.

Судиското продолжение од првото полувеме беше среќно за домашните фудбалери кои ја затресоа мрежата преку Мората во 49. минута. Саму изедначи на 1-1 во 62. минута. Предноста на домаќините ја врати Депај кој само пет минути подоцна со евро гол го совлада Фереира, а победата ја завери Лоренте во 98. минута.

Се вчитува...