Фудбалерките на Шпанија се први финалисти на Светското првенство, откако во полуфиналето ја совладаа селекцијата на Шведкса со 2-1.
Мечот може да се подели на две дела, односно 80 минути ништо, а потоа спектакл со три гола.
Во 81. минута Паралјуело на вистинско место дочека одбиена топка и со ефективен удар ја затресе мрежата на Скандинавките. Швеѓанките не се предадоа и во 88. минута израмнија преку Бломквист.
После израмнувањето, Кармона Гарсија стана херој на Шпанија, откако само 60 секунди по израмнувачкиот гол успеа да постигне убав гол за финале на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА