Кепа: Се надевам дека ќе останам во Реал Мадрид и по истекот на позајмицата

Новиот голман на Реал Мадрид, Кепа Аризабалага истакна задоволство од тоа што ќе биде дел од „кралевите“, и дека се надева на останување во Мадрид и после истекот на позајмицата.

Аризабалага како позајмен од Челси на „Сантијаго Бернабе“ ќе остане до крајот на сезоната, но нема никаква клаузула за затолжителен откуп.

„Среќен сум што станав дел од овој тим. Се надевам дека ќе имам успешна сезона и дека Реал Мадрид ќе ме задржи и по истекот на позајмицата“, изјави Кепа на промоцијата.

Се вчитува...