Николас Батум ќе ја предводи Франција на претстојното Светско првенство во кошарка, но наскоро најавува крај на кариерата.
Светското првенство годинава и Олимписките игри во Париз следната ќе бидат последните две натпреварувања за капитенот на француската кошаркарска репрезентација.
Батум претходно најави дека ќе се повлече од репрезентацијата по Игрите во Париз, а неговата сопруга Аурелиа вели дека оваа одлука е малку изменета и дека се однесува на крајот на неговата професионална кариера.
„Нико реши да ја заврши кариерата (во НБА и репрезентацијата) по Олимпијадата, ова ќе биде негова последна сезона со Клиперс“, напиша Аурелиа на својот Твитер.
Батум ја започна својата професионална кариера пред 17 години во Ле Ман. Две години подоцна се пресели во НБА. Тој помина седум сезони во Портланд, за време на локаутот во НБА накратко играше за Нанси, а потоа од 2015 до 2020 година го носеше дресот на Шарлот. Од 2020 година е член на Лос Анџелес Клиперс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

