Египет, Јапонија и Грција гости на Македонија на 47. издание на Чајка

Агенцијата за млади и спорт и Одбојкарската федерација на Македонија го промовираа 47-то издание на традиционалниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски Чајка”.

Од петок до недела, во салата “Борис Трајковски” во Скопје ќе гостуваат Египет, Јапонија и Грција, а интерконтиненталниот карактер на турнирот македонските одбојкари ќе го искористат за подготовка за Европското првенство во Скопје од 30-ти август до 6-ти септември.

ОФМ го презентираше пехарот на 33-от Европски шампионат, трет со наше учество, но прв дома, а ги претстави и дресовите со коишто македонските одбојкари ќе настапуваат на континенталниот собир.

Влезот за турнирот “Чајка” ќе биде слободен.
Петок:
17.30 Грција – Египет
20.15 МАКЕДОНИЈА – Јапонија
Сабота:
17.30 Јапонија – Грција
20.15 МАКЕДОНИЈА – Египет
Недела:
17.30 Египет – Јапонија
20.15 МАКЕДОНИЈА – Грција

Се вчитува...