Бразилскиот фудбалер Нејмар е нов фудбалер на саудискиот Ал Хилал. Нејмар во Ал Хилал ќе заработи 300 милиони долари за две години, а со сите бонуси таа сума може да стигне и до 400 милиони долари.
Информацијата за трансферот на Нејмар во Ал Хилал ја потврди неговиот досегашен клуб, Пари Сен Жермен.
„Неизбежно е тешко да се каже збогум на легендата на клубот, која Нејмар ќе биде засекогаш. Никогаш нема да го заборавам денот кога пристигна во Пари Сен Жермен, ниту што му донесе на нашиот клуб и нашиот проект во изминатите шест години. Живеевме извонредни моменти и Нејмар секогаш ќе биде дел од нашата историја. Би сакал да му се заблагодарам нему и на неговото семејство. На Нејмар му посакуваме се најдобро во иднината и неговата следна авантура“, изјави првиот човек на клубот, Ал Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА