Уште една НБА ѕвезда ќе го пропушти Светското првенство во кошарка, кое од 25. август ќе се одржува во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Асот на Летонија, Кристапс Порзингис нема да настапи на Мундобаскетот поради повреда на стапалото. Брилијантниот крилен центар нема доволно време да ја санира повредата, па Летонците во Азија ќе патуваат без својата главна ѕвезда. Порзингис, кој летово стана член на Бостон Селтикс, не одигра ниту еден пријателски натпревар.
Летонија на Мундобаскетот е во групата Х со Канада, Либан и Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

