Пирс: Леброн ќе игра на ОИ во Париз

Леброн Џејмс ќе игра во дресот на САД на Олимписките игри во Париз. Ова го тврди поранешниот кошаркар на Бостон, Пол Пирс.

Леброн последен пат настапуваше за САД на ОИ во Лондон 2012 година, но поранешната звезда на Селтикс тврди дека тој би можел да се врати во селекцијата и да игра на пресојните Олимписки игри, што би било негово последно појавување во дресот на САД со оглед дека идната година ќе има 39 години.

„Навистина мислам дека Леброн ќе отиде на ОИ и ќе игра за САД. Тоа ќе бидат негови последни Олимписки игри. Мислам дека и Стеф Кари ќе биде во тимот за Париз. Мора да оди“, рече Пирс.

Се вчитува...