Светски шампион е следната цел на Астон Вила

Откако ги заврши преговорите со Николо Заниоло од Галатасарај, Астон Вила не застанува со засилувањата во овој преоден рок. Сега го насочи вниманието кон Маркос Акуња. Светскиот шампион од Катар минатата година во моментов е дел од Севилја, а после вечерашниот меч од УЕФА Супер-Купот се очекува да замине во Англија.

Разговори меѓу двата тима за цената не се водени, но тој самиот веќе ги договорил условите за тригодишен договор со тимот од Бирмингем. Се очекува од утре Астон Вила да се договори со шпанскиот тим за отштетата.

Во минатото Акуња играше во Спортинг Лисабон. Астон Вила бара играч на левата бековска позиција, со оглед дека Лука Дин е пред трансфер во Ал-Хилал.

Се вчитува...